10 работи за кои никогаш не треба да се извинувате


Многу често се извинуваме затоа што премногу водиме сметка за мислењето на другите или бидејќи сметаме дека тоа е учтиво и пристојно.

girl-english-bulldog-friendship-photography-lola-harper-rebecca-leimbach-20

Толку сме навикнати да кажуваме „извини“ што не ни помислуваме дека постојат ситуации во кои тоа воопшто и не е потребно.

Ова се работите за кои не треба да се извинувате ама баш никому:

1. Не извинувајте се за вашата несовршеност – како надворешна така и внатрешна. Секој од нас има многу маани и недостатоци, но токму тие се она кое не прави единствени.

2. Не извинувајте се што сте избришале од животот еден куп негативни луѓе кои само ве правеле тажни и несреќни.

3. Не извинувајте се за тоа што сте станале многу попретпазливи од претходно.

4. Не извинувајте се за вашите грешки и неуспеси: вие сте тие кои сте се обиделе и научиле нешто ново, а не некој кој се плашел да направи и најмал чекор. Па сега, кој е всушност победник?

5. Не извинувајте се за тоа што веќе не можете да го сакате оној кој ви нанесол преголема болка.

6. Не извинувајте се за тоа што некогаш сте верувале во погрешни луѓе, бидејќи тоа било една болна, но неопходна лекција.

7. Не извинувајте се што славите без посебна причина, бидејќи малите прослави не мора да бидат поврзани со некаков важен настан во вашиот живот.

8. Не извинувајте се што сте ја кажале вистината колку и да била таа болна и тешка.

9. Не извинувајте се што ги искажувате сопствените емоции и никогаш не ги сокривате во себе.

10. Не извинувајте се што имате свое мислење и свои верувања, дури и ако тие се спротивни на мислењата и верувањата на многумина.


Ви се допаѓа? Сподели со твоите пријатели!

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format