7 лекции за лидерство од Нелсон Мандела


Потребни ни се повеќе луѓе како Нелсон Мандела. Светот има сериозна потреба од лидер кој ќе ги инспирира и мотивира сите луѓе со сопствените акции, и со сопствените зборови.

Тешко е да се дефинира лидерството затоа што е различно за луѓето. Сите знаеме дека за еден човек да биде лидер треба да има знаење, сила и сочувство. Од лидерите очекуваме да бидат фер, да споделуваат вредности и да ни покажуваат насоки. Токму затоа е потребен човек како Нелсон Мандела – бидејќи овој човек ги поседува сите карактеристики за добар лидер.

Ви нудиме неколку лекции од него кои ќе ви помогнат и ќе ви покажат како да бидете лидер.

Инспирирајте со акција

Мотивирајте ги другите со вашите зборови и акции. Дајте им храброст, инспирирајте ги да научат повеќе, влејте во нив чувство за можност. Секоја акција која ќе ја преземите ќе води кон учење на нова можност и ќе ги охрабри другите да одат напред. Учете ги луѓето преку пример – доколку направите вие нешто, тие ќе ве следат.

Бидете подобри, а не огорчени

Нелсон Мандела е пример за оваа моќна лекција. Тој бил затворен 27 години од бруталниот режим, само затоа што се борел за правичност и еднаквост. Дури и кога бил затворен, тој продолжил да биде лидер и симбол на борбите на Јужно Американците. Неверојатно, после неговото ослободување, тој стана уште посилен лидер, а не огорчен и подготвен за одмазда.

Планирајте

Луѓето не успеваат да ги исполнат своите цели токму поради тоа што не планираат. Планирањето и организирањето пред време е клуч за успех, без разлика дали станува збор за вашиот личен или професионален живот. Организирајте ги вашите идеи, напишете план со разумни чекори и рокови, и зацртајте ги вашите цели.

Предизвикајте ја волјата кај другите

Сигурно повеќето од нас се имаат најдено во ситуација да работат со луѓе кои имаат огромен капацитет но немаат волја или не се способни. Помогнете им на другите, предизвикајте ја нивната волја и ќе забележите неверојатни резултати.

Комуницирајте

Комуникацијата е едноставна активност на добивање на порака од другите. Теоретски ова е лесно, но комуникацијата е една од најтешките работи бидејќи постојат голем број фактори кои се вклучени во неа (говорот на телото, темпераментот, карактерот на личноста), кои може да бидат пречка и да предизвикаат конфузија.

Станете личност на луѓето

Нелсон Мандела е неверојатно динамична личност кој има моќ да ја мотивира целата земја да работи заедно и да помине преку тешките работи за доброто на сите. Тој не промовираше некоја посебна идеологија или цел. Наместо тоа, тој имаше волја да изгради врски на сите страни со цел да ја обедини Јужна Африка.

Развијте цврст карактер

Нелсон Мандела и неговите следбеници знаеле дека тие ја прават правилната работа, дури и ако било опасно и ако ги чинело нивната слобода (и така било) или пак нивните животи. Меѓутоа тие имале силна одлука и цврст карактер. Токму поради нивниот карактер тие добија огромна почит.


Ви се допаѓа? Сподели со твоите пријатели!

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format