7 необични професии со добра плата


Во денешно време да се најде добра работа со добра плата е скоро невозможна мисија. Сите сакаат да бидат директори, приватници, главни менаџери итн. Сепак, на светот постојат професии кои се и тоа како добро платени, иако за некој навистина необични, меѓутоа факт е дека станува збор за големи суми на пари.

Тестирање на дезодоранс

Личноста која проверува дали дезодорансот делува за трудот може да добие и до 20.000 евра. Но, оваа задача не делува баш така лесно како што мислите затоа што треба да ги мириса луѓето кои под пазувите ставаат дезодоранс и да почувствуваат дали овој дезодоранс има ефект. За оваа работа личноста мора да има силен осет за мирис како и личност која нема „гајле“ од луѓе кои мирисаат на пот.

Готвач во австралиска подморница

Задачата на оваа личност е да плови по светските мориња и од состојките од конзерви да припреми вкусно јадење за сопатниците. За ваков вид на работа се заработува околу 140.000 евра годишно. Почетната плата е 43.000 евра, но се зголемува со различни бонуси, при што само за прифаќање на работата следува награда од 36.000 евра. Пожелно е да знаете да готвите, да не патите од морска болест и страв од затворен простор.

Ловец на бисери во Австралија

Ова е идеална работа и може да донесе и до 1.000 евра дневно. Вашата задача е да нуркате во океанот и да барате скапоцени бисери. Важно е да сте во добра физичка форма и да имате остро око.

Хакер

Професија која во интернет светот како и кај сајбер полицијата не е баш омилена. Сепак, доколку се одлучите за овој вид на работа, вашата обврска е да влегувате во компјутерските системи на фирмите за на надлежните да им покажете евентуални недостатоци кога станува збор за безбедноста на податоците. Занимавајќи се со ваква професија може да заработите помеѓу 50.000 и 90.000 евра годишно.

Дизајнер на тобогани

На вас е да измислите тобоган кој на љубителите на овој вид забава ќе им понуди неверојатно возбудување. Оваа работа може да донесе месечна плата од три до пет илјади евра. Услов е завршен Машински факултет и бујна фантазија.

Собирач на топчиња за голф

За да ја работите оваа работа морате да имате завршено курс по нуркање – ова е еден од важните услови за да бидете вработени. Вашата задача е да ги барате топчињата кои паднале во езерото близу теренот за голф. Секоја пронајдена топка чини од 25 центи до 1.40 евра, што значи дека за 80.000 топчиња годишна, колку што се губат во просек, можете да заработите до 80.000 евра па и повеќе.

Келнер за вино

На познавачите на вино оваа работа може да им донесе и заработка до 117.000 евра годишно. Нивното задолжение е предлагање на виното кое би одговарало со одредено јадење како и вкусување на виното. Потребна е „само“ завршена академија, повеќе години искуство и положен испит за сомелиер.


Ви се допаѓа? Сподели со твоите пријатели!

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format