Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ако чуете мјаукање од мали мачиња

Ќе откриете дека сте биле излажани во љубовта или ќе ви се растури бракот или свршувачката.

Мачка со мали мачиња

Ќе започнете да создавате свој дом и свое семејство.

Ако се борите со мачка

Пазете се од кражба.

Ако ве касне или издраска мачка

Ве демне некаква болест или несреќа.

Ако јадете месо од мачка

Ќе слушнете лоша вест.

Ако си играте со мачка

Ќе бидете предадени или изневерени.

Ако ловите мачки

Вашата љубовна желба нема да се исполни во блиска иднина.

Ако убиете мачка

Се обидувате да го потиснете женското во себе си.

Ако галите мачка

Ваш непријател ќе ги признае вашите постигнувања.

Мачка која се гали од вас

Пазете се од измама од личност од женски пол.

Мачка која преде

Ќе го скротите вашиот „див“ партнер.

Мачка која мјаука

Ќе дознаете за лагите на вашиот партнер.

Мачка која лови глушец

Вашите соседи немаат добри желби за вас.

Бесна мачка

Предзнак за несреќа.

Мртва мачка

Ќе се ослободите од лош „пријател“.

Бела мачка

Ќе бидете измамени од личност од женски пол.

Црна мачка

Внимавајте! Се крои опасен заговор против вас.

Шарена мачка

Набрзо ќе се радувате на успех во љубовта.

Многу мачки

Ќе имате многу тајни непријатели.

Мачки кои се тепаат

Семејни расправии.