Ако водите мајмун со синџир
Вашата непромисленост им оди во полза на вашите конкуренти.
Мајмуни кои прават врева
Ќе бидете измамени од дволични луѓе.
Ако си играте со мајмун
Ви претстојат грижи.
Ако тепате мајмун
Ќе направите грешка која многу ќе ви наштети.
Ако ве гризне мајмун
Ќе ви се исполнат љубовните желби.
Ако мајмун се обидува да ве гризне
Некој ќе се прослави со ваша идеја.
Мајмун во кафез
Потребна ви е поголема самостојност и слобода.
Мајмун кој ви се смее
Некој итар маж ќе влезе во вашиот живот.
Мајмун со многу долга опашка
Проблеми со власта или со вашите претпоставени.
Мајмун качен на дрво
Ќе напредувате на професионален план, но со многу труд и макотрпна работа.
Многу мајмуни
Некој ќе се обиде да ве измами.
Мајмуни кои си играат
Некој ќе се обиде да ви наштети.