Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бивши со кого неодамна сте се разделиле

Нема да сте задоволни од својот сексуален живот.

Ако бившиот ви подарува плишено мече

Копнеете за повеќе внимание и грижливост од вашиот сегашен партнер. Ако не сте во врска, ова е предзнак дека ќе имате романтичен грижлив додворувач. проширите вашите хоризонти. Можно е нешто што очекувате да биде одложено.

Бивши од младоста

Во сегашната врска ви недостига спонтаност и безгрижност. Премногу сериозно си ги сфаќате постапките на партнерот.

Ако се смирите со бившиот

Повторувате грешки кои во минатото ве довеле во неволја. Сонот е предупредување дека треба да се ослободите од одредени лоши навики на љубовен план.

Ако имате секс со бивши

Нема да се чувствувате целосно задоволени од вашиот сексуален живот, бидејќи криете сексуални фантазии од вашиот партнер. Ако не сте во врска, ќе копнеете за поголема блискост со некого, но тој нема да покажува знаци дека го посакува истото со вас.

Ако пријателски се поздравувате со бившиот

Некој во вашиот живот ви буди емоции со ист интензитет како и емоциите кои сте ги имале кон бившиот.

Ако се оддалечувате од бившиот

Пред вас е нов љубовен почеток со сегашниот или нов партнер.

Ако го убивате или повредувате бившиот

Ќе потиснувате одредени аспекти од вашиот карактер за да останат сокриени од вашиот сегашен партнер. Ако не сте во врска, ќе се најдете во ситуација кога ќе глумите нешто што не сте само за да привлечете нечие внимание.

Ако бившиот ве советува

Нема да ги повторувате грешките од минатите врски. Поучени од минатите грешки, ќе изградите силна цврста врска со човек којшто ве фасцинира.

Ако бившиот ви испраќа порака

Потребно е да бидете поотворени кон луѓето. Неопходно е да ги срушите бариерите кои сте ги изградиле околу себе и повеќе да им верувате на оние кои сакаат да се доближат до вас.