Раскинувањето на врска е емотивно исцрпувачки процес, особено кога љубовта сè уште тлее од едната страна. Но, охрабрувачки е што оваа фаза е привремена и надминлива.
Колку време е потребно за закрепнување?
Истражувањата покажуваат дека во просек се потребни 11 недели за преболување на раскината врска, додека за закрепнување по развод потребни се околу 18 месеци. Сепак, овој период варира од личност до личност.
Клучни чекори за полесно преболување
Дозволете си време за тагување
Прекинот на врската често носи длабока тага и празнина. Иако секојдневните обврски може да помогнат во одвлекување на мислите, важно е да не ги потиснувате емоциите. Дозволете си да ги проживеете сите чувства, бидејќи тоа е природен дел од процесот на лекување.
Фокусирајте се на себе
Искористете го ова време за самооткривање. Вратете се на старите хобија или откриjте нови интереси што ќе ви донесат лична сатисфакција. Ова е одлична можност да се посветите на активности што можеби сте ги запоставиле додека сте биле во врска.
Побарајте поддршка
Не се двоумете да побарате помош, особено ако прекинот бил еднoстран. Разговорот со близок пријател или професионален советник може да отвори нови перспективи и да го забрза процесот на заздравување.
Верувајте во исцелителната моќ на времето
Како што деновите минуваат, болката постепено бледнее. Спомените стануваат помалку болни, а носталгичните моменти поретки. Искористете го ова искуство како можност за личен раст и подготовка за идните врски.
