Како ќе изгледа Европа во 2050?

Вештачката интелигенција предвидува значителни промени на европската мапа до 2050 година. Анализата открива дека континентот се соочува со две спротивставени сили – интеграција преку ЕУ и дезинтеграција преку сепаратистички движења.

“Успехот или неуспехот на сепаратистичките движења, проширувањето на ЕУ и надворешните геополитички притисоци ќе ја обликуваат идната форма на европскиот континент” – клучен заклучок од анализата.

Нови членки на европското семејство

Европската Унија разгледува девет земји-кандидати за членство. Црна Гора би можела да стане членка до 2028 година, додека останатите земји се во различни фази од процесот на интеграција.

Сепаратистички движења во фокусот

Каталонија и Баскија во Шпанија, Шкотска во Велика Британија, како и Венето и Сардинија во Италија покажуваат силни сепаратистички тенденции. Нивните аспирации за независност би можеле значително да ја променат политичката карта на Европа.

Балканот – критична точка на промени

Балканскиот регион останува особено чувствителен. Косовското прашање, идејата за “Голема Албанија” и внатрешните тензии во Босна и Херцеговина претставуваат потенцијални точки на промена на границите.

Што мислиш ти?