НАСА астронаутот Дон Петит направи неверојатна фотографија која ни открива како изгледа Бурџ Халифа, највисоката зграда на светот, гледана од вселената. Фотографијата ја прикажува импозантната градба како блеска во ноќната панорама на Дубаи.
Burj Khalifa, the world’s tallest building from space. pic.twitter.com/qK9rMmPbd7
— Don Pettit (@astro_Pettit) February 2, 2025
Астронаут со богато искуство
Петит е искусен астронаут со впечатлива кариера. Неговото патување започнало во националната лабораторија „Лос Аламос”, каде работел како научник од 1984 до 1996 година. Тој бил дел од значајни вселенски мисии и проекти, вклучувајќи ја претседателската комисија за истражување на Месечината и Марс.
“Бурџ Халифа, највисоката зграда на светот, фотографирана од вселената” – Дон Петит
Импресивна вселенска кариера
Својот прв вселенски лет Петит го остварил во 2003 година, по што следувале мисии во 2008 и 2012 година. Во 2024 година, тој повторно се упатил кон вселената со „Сојуз МС-26″, придружуван од руските космонаути Алексеј Овчинин и Иван Вагнер.
Инженерско чудо во срцето на Дубаи
Бурџ Халифа се издига 828 метри во височина и претставува ремек-дело на современата архитектура. Изградбата на оваа импресивна структура траела шест години, а денес функционира како мултифункционален комплекс кој вклучува деловен простор, станови и хотел.
