Поранешниот извршен директор на „Мајкрософт”, Стив Балмер, неодамна во интервју за „Блумберг” открил интересен детаљ од процесот на вработување во технолошкиот гигант. Како челник на компанијата од 2000 до 2014 година, тој имал посебно трик-прашање за секој кандидат.
Што содржело познатото трик-прашање?
Балмер на кандидатите им го поставувал следното прашање: „Размислувам на број меѓу еден и сто. После секој обид ќе ви кажам дали бројот е превисок или пренизок. Ако погодите при првиот обид, добивате пет долари, потоа четири, три, два, еден, а доколку не погодите, ќе ми платите долар-два”.
Стратешко размислување како клучен фактор
Суштината на ова прашање не била во самото погодување на бројот. Балмер сакал да види дали кандидатите можат да го согледаат поширокиот контекст на играта. Победата во оваа игра била помалку веројатна од загубата, бидејќи имало многу повеќе можности за промашување отколку за погодување на точниот број.
Вистинскиот одговор изненадува многумина
Точниот одговор што Балмер го очекувал бил едноставен – „Не сакам да ја играм играва”. Причината? Скоро секогаш исходот би бил негативен за играчот. Во едно интервју, кандидат веднаш го препознал ова и одбил да учествува, покажувајќи извонредна способност за анализа на ризик.
Денес, Балмер како сопственик на НБА-тимот Лос Анџелес клиперс, со проценето богатство од 121,9 милијарди долари, објаснува дека целта на ова прашање била да се процени способноста на кандидатите за анализа на ризик и донесување стратешки одлуки – вештини клучни за успех во динамичниот свет на технологијата.
