Што да јадете кога имате проблеми со желудникот?

stomachache, acid reflux, gastritis

Киселината во желудникот е неопходна за варење на храната, но понекогаш може да стане проблематична. Кога клетките во дигестивниот систем произведуваат премногу киселина, тоа може да доведе до сериозни компликации како што се рефлуксна болест и чир на желудникот.

Симптоми на зголемена стомачна киселина

Зголемената стомачна киселина се манифестира преку следниве симптоми:

  • Горушица
  • Кисел вкус во устата
  • Гадење
  • Проблеми со голтање
  • Повторливо кашлање или икање
  • Рапав глас
  • Болка во горниот дел на стомакот
  • Надуеност
  • Подригнување
  • Брзо чувство на ситост за време на јадење
  • Непријатно чувство на ситост после јадење

Храна која треба да се избегнува

За луѓето кои страдаат од зголемена киселина во желудникот, лекарите советуваат да се избегнува храна со висока содржина на масти, сол или зачини:

  • Пржена храна
  • Брза храна
  • Пица
  • Чипс и други преработени грицки
  • Бибер
  • Масно месо (сланина и колбаси)
  • Сирење
  • Сос од домати
  • Агруми
  • Чоколадо
  • Пеперминт
  • Газирани пијалоци

Важно е да се напомене дека умереноста е клучна. Многу луѓе можеби не можат или не сакаат целосно да исфрлат одредена храна. Затоа, експертите советуваат да не се консумира “проблематичната” храна доцна навечер или пред спиење.

Храна која помага при зголемена стомачна киселина

Постојат три категории на храна кои можат да помогнат во спречувањето на зголемена киселина во желудникот:

1. Храна богата со растителни влакна

Влакнестата храна создава чувство на ситост, што ја намалува веројатноста за прејадување. Добри извори на влакна се:

  • Цели зрна (овес, кускус, кафеав ориз)
  • Коренест зеленчук (сладок компир, морков, цвекло)
  • Зелен зеленчук (аспарагус, брокула, боранија)

2. Алкална храна

Храната со повисоки pH вредности може да помогне во неутрализирање на силната стомачна киселина. Најдобрите алкални намирници вклучуваат:

  • Банани
  • Дињи
  • Карфиол
  • Ореви

3. Храна богата со вода

Консумирањето храна богата со вода може да ја разреди и ослаби стомачната киселина. Препорачани намирници се:

  • Целер
  • Краставица
  • Марула
  • Лубеница

Што мислиш ти?