Горан Иванишевиќ, еден од најуспешните тенисери од балканските простори, денес го прославува својот 53-ти роденден. Иако неговата кариера е исполнета со бројни спортски достигнувања, приватниот живот на Иванишевиќ е она што особено ја интригира јавноста.
Бурен прв брак исполнет со скандали
Првиот брак на Иванишевиќ со Татјана Драговиќ беше обележан со јавни несогласувања и скандали. Медиумите често пишуваа за наводните неверства на тенисерот, што на крајот резултираше со развод во 2013 година. Од овој брак, Иванишевиќ има две деца – ќерката Амбер Марија и синот Емануел.
Нов почеток со Нивес Чановиќ
Само неколку години по разводот, Иванишевиќ го пронајде својот животен сопатник во личноста на хрватската водителка Нивес Чановиќ. Нивес, која е 10 години помлада од Горан, има завршено економски факултет, но својата кариера ја изградила во сферата на радио водителството и актерството.
Брза љубов и тајна свадба
Нивес и Горан ја започнаа својата врска во 2016 година, а само една година подоцна тајно стапија во брак. Набрзо по венчавката, двојката ја сподели радосната вест за бременоста на Нивес. Во 2018 година се роди нивниот син Оливер.
Хармоничен семеен живот
За разлика од првиот брак, Иванишевиќ сега ужива во хармоничен и повлечен семеен живот. Нивес открила дека со нив живее и Емануел, синот на Горан од првиот брак, кој одлично се сложува со помалиот брат Оливер.
“Оливер го гледа Емануел како Бог. Значи, тој му е сè”, истакнала Нивес во една прилика.
Иако не зборува често за приватниот живот, Иванишевиќ со една кратка изјава ја сумирал својата моментална среќа: “Среќен сум, сега сè е супер. Конечно, сонцето сјае, а и јас”.
